Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велигденска честитка од директорот на Комисијата за односи со верските заедници

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски упати честитка до Светиот Архиерејски Синод, до свештенството на МПЦ-ОА, и до сите христијани во нашата земја по повод големиот христијански празник Воскресение христово – Велигден.

Директорот упати честитка и до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и до Поглаварите на соседните помесни православни цркви.

„Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, со искрени желби за духовен мир и благосостојба кај секој еден православен верник во нашата татковина и ширум светот. Нека празничните денови ја разбудат човечноста и солидарноста меѓу граѓаните.

Сведочејќи како секојдневно ширум светот се разапнува и страда христијанството, ни останува и на овој светол ден во мир и молитва да се надеваме на силата на Воскресението, за кое Св. Јован Златоуст рекол ‘Преку Воскресението Христово се надминати сите човекови проблеми’“, се вели во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК