Бејли, едногодишна пудлица, беше извлечена од урнатините под кои преживеа 28 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Венецуела и сега се опоравува со ветеринарна нега.
Миленичето го пронајдоа членови на спасувачката бригада за време на отстранувањето и проверката на урнатините, објавува „Диарио де Морелос“.
Според спасувачите, животното страдало од тешка дехидратација и глад кога било ослободено.
По спасувањето, Бејли е префрлено во ветеринарна клиника, каде специјализираниот персонал започнал протокол за стабилизација, интравенска рехидратација и нега на рани.
„Бејли е клинички стабилна. Тоа е вонреден настан од физиолошка гледна точка, со оглед на времето што поминало без основни потреби. Има чиреви на окото кои биле предизвикани од продолжено изложување на прашина и недостаток на подмачкување, но прогнозата е поволна со применетиот третман“, соопшти ветеринарната служба.
Кучето ѝ припаѓа на единаесетгодишната Викторија Изабела Ренгел, која исто така го преживеала уривањето на нејзината куќа за време на земјотресот.
Според локалните власти и самото девојче, катастрофата во семејниот дом ги одзела животите на нејзината мајка и баба по мајка.
Моментално, девојчето и нејзиното домашно милениче престојуваат во привремено засолниште поставено од властите за семејствата погодени од земјотресот.
На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала, а повеќе од 5.500 луѓе загинаа, пренесува Танјуг./Извор:Makfax


