Centar.mk
РЕГИОН

НОВО ПРАВО ЗА ЖЕНИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Два платени слободни дена месечно

Жените во Црна Гора со дијагностицирана секундарна дисменореја ќе имаат право на два платени слободни дена месечно. Парламентот ги усвои измените во Законот за здравствено осигурување со кои ова право добива законска основа.

Мерката се однесува на силни менструални болки предизвикани од утврдени здравствени состојби, меѓу кои ендометриоза, миоми, полипи и други органски причини. За користење на отсуството ќе биде потребна медицинска документација.

Предлогот го иницирала независната пратеничка Јевросима Пејовиќ, а во собраниските комисии добил едногласна поддршка. Практичната примена ќе зависи од подзаконските правила и медицинската постапка.