Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комисија за односи со заедниците: Остар демант на изнесените невистини од г-дин Сулејман Реџепи

При настапот пред медиумите сношти по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, господинот Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди беа упатени и за заменик директорот на Комисијата г-дин Зеко Абази, се вели во реакцијата на Комисијата за односи со заедниците.

– Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета.

Не сме во можност дури ниту да се осврнеме и да произнесеме став во однос на предметните случувања бидејќи не располагаме со соодветни релевантни информации ниту од страна на Судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите.
Се работи за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците, велат од комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК