Centar.mk
КУЛТУРА

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“

На 25-ти април (четврток) 2019 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 13-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Во чест на Двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2019 Велигденски јајца. Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце.

Во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во изминатите дванаесет години обезбедени се вкупно 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура „Марино“ и библиотеките во основните училишта.

Можеби ќе ве интересира

Три книги од „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година

ДЕСК

„Чија си“ – биографија што го чува музичкото наследство на Славе Димитров за идните генерации

ДЕСК

„Матица“ го објави „Орландо“: големото враќање во светот на Лусинда Рајли

ДЕСК