23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение за запуштање и малтретирање дете. Двајцата се осомничени дека не се грижеле за своите деца на возраст од 4, 2 и 1 година и дека ги оставале сами во домот подолг период од денот. Пожарот во кој тие ги изгубија жвотите настанал во моментот кога децата биле оставени сами во куќата.

Жената на возраст од 38 години е мајка на трите деца, а мажот на возраст од 46 години е татко на детето на возраст од една година.

„Двајцата обвинети на 20.6.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија. Се работи за деца што според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе“, велат од Обвинителството во Велес.

Со тоа што ги оставиле сами во куќата, велат од Обвинителството, обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје, а во временскиот период во кој децата биле оставени сами во куќата избувнал пожар во кој трите деца ги загубиле животите.