23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МТСП: Со јакнење на мобилните тимови се засилуваат активностите за работа со деца на улица

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Меѓуопшинскиот центар за социјални работи Скопје, Црвениот крст и УНИЦЕФ ги засилува активностите за работа со деца на улица. За таа цел денеска се одржа обука на стручни лица (социјални работници, педагози и дефектолози), кои ќе работат со децата на улица за да им се обезбеди соодветна заштита. Работата на терен ќе се спроведува мултисекторски врз основа на стандардизирана вмрежена соработка на сите релевантни владини и невладини организации и институции.

На овој начин Центарот за социјални работи ги зајакнува мобилните тимови, кои ќе прават мапирање на најфрекфентните локации каде што има деца што питаат, а полнолетните членови ќе ги активираат како баратели на работи и ќе работат на нивно вклучување во мерките за доквалификација и прекфалификација.

„Оваа засилена активност за работа на стручни лица со децата на улица ја почнуваме бидејќи на секое дете му треба безгрижно детство, детство што е целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба. Со работа одблиску со децата на улица и нивните семејства ќе ги детектираме и решаваме проблемите со кои се соочуваат“, изјави министерката за труд и социјлна политика, Мила Царовска, по повод обуката на стручните лица што ќе го прават мапирањето.

Во обуката се вклучи и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, кој истакна дека УНИЦЕФ и Владата тесно соработуваат за да ги зајакнат механизмите за помош на децата на улица, но исто така да се спречи децата да го поминуваат времето на улица преку развивање посилни механизми за заштита и спроведување системски промени.

„Децата на улица често се жртви на многубројни негативни искуства вклучувајќи физичка и психичка злоупотреба и запоставување. Многу од нив не го остваруваат своето право на образование, здравство и заштита“, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Министерството за труд и социјална политика ја креира социјалната реформа, која е во собраниска процедура, а е во насока на намалување на детската сиромаштија и извлекување на најранливите граѓани над линијта на сиромаштија. Со оваа реформа детскиот и образованиот додаток ќе станат достапни за 20 пати повеќе деца, а работоспособните ќе се активираат на пазарот на трудот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +
МАКЕДОНИЈА

За Велигден редуцирани автобуси, жичницата ќе работи од 10 до 18 часот

ДЕСК

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26.4.2019 година, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11 А, 18 А, 32, 47 А, 51, 55, 55 В, 56, 56 А, 64 А, 65 А, 70, 74, 80 А, 81, 118, 160 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред.

В сабота, 27.4.2019 година, в недела, 28.4.2019 година и в понеделник, 29.4.2019 година автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и в среда, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Жичницата на Водно ќе работи вообичаено во сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно со број 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25 А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29.4.2019 година, ќе возат по неделен возен ред. Жичницата во вторник, 30.4.2019 година, нема да работи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +