Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден гостиварец, кој со камион паднал во бездна

Седумдесет и двегодишен маж од Гостивар е тешко повреден додека вчера истоварал со камион шут и земја во депонија во атарот на селото Горна Баница.

При кревање на сандакот за истовар, тој го повлекол во бездна од 20-ина метри. Со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +