Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Клиниката за хематологија се огласи по смртта на Тоше Илиевски

ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје изразува најдлабоко сочувство до семејството на Тоше Илиесвки за огромната загуба.

– Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандрадниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија така и во сите останати европски и светски хематолошки центри, велат од таму.

Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите. За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на овој вид болести, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Талески до Костовски: Не го дефокусирајте случајот со Алта банка, кажете дали го познавате Мацура и потеклото на неговите пари?

ДЕСК

Бојковска до Емини: Колку исплати Фондот за обесштетување на депонентите по пропаѓањето на Еуростандард банка и каква е разликата со случајот на Алта банка?

ДЕСК

Лефков: Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал се утврдени евентуални неправилности, или било какви прекршувања на закон поврзани со Алта банка?

ДЕСК