13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

Во периодот од 13 април до денеска пријавени се вкупно 121 случај на мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 79 случаи се од Скопје, а останатите 42 се од 8 други градови во Македонија – Тетово (14), Куманово (10), Велес (8), Гостивар (4), Охрид (3), Струмица (1), Свети Николе (1) и Ресен (1).

Во тек на оваа недела најголем број на случаи, 52, се на возраст над 30 години, а по нив следат децата на возрст од 0-4 години со 44 регистрирани случаи.

„Според вакциналниот статус, 90 односно 70 проценти од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус“, , велат од Инститот за јавно здравје.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со денешниот ден, во Република Северна Македонија регистрирани се 1.081 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 52,2 на 100.000 жители, што претставува највисок број на регистриран случаи во последните 10 години“

Поради исполнување на епидемиолошките критериуми, епидемија од мали сипаници е прогласена на цела територија на Република Северна Македонија.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 692 случаи се од Скопје, Куманово – 103, Тетово – 93, Струга – 50, Кичево – 30, Велес -24, Гостивар – 20, Гевгелија -18, Дебар – 17, а во останатите градови се регистрирани помалку од 10 случаи (Графикон 1).

Спонзорирано: