8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев со моќна порака на социјалните мрежи: Повикувам на масовна излезност и успешни избори во името на брзиот развој на нашата држава

– Повикувам на масовна излезност и на демократски и успешни претседателски избори, во недела, на 21 април и потоа на 5 мај, во името на брзиот развој на нашата држава, порача премиерот Зоран Зарв во обраќањето до јавноста преку социјалните мрежи.

– Исходот на овие избори во огромна мера ќе влијае дали и со колкаво темпо ќе продолжиме да се движиме напред.

За да имаме европски животен стандард, европски плати, европско образование, за да ја потврдиме стабилноста на државата, за да живееме спокојно, еден е патот – тоа е Напред.

Млади, возрасни, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, од сите социјални групи, политички определени, неопределени, поединци, гру

Не ја пропуштајте оваа граѓанска должност. Со гордост и со пенкало, на гласачките места, на изборите, направете избор и донесете одлука. И нека не оди во празно вашиот глас.

Да испратиме уште еднаш јасна порака, дека сме цврсто определени за прогресивните концепти: едно општество за сите, членство во НАТО и ЕУ, економски развој, затоа што тоа е единствената успешна опција за успех за сите граѓани и за нашата држава.

Сѐ другo би значело нови застои, неизвесност и ризици за иднината.

Одговорноста на овие избори е на сите нас. И бара акција и одлучност, на што повикувам.

За европска Република Северна Македонија, да избереме европски претседател. Заедно да го избереме Стево Пендаровски кој води Напред!, порача премиерот Зоран Заев.

https://www.facebook.com/66035312931/posts/10157412605052932?sfns=mo

Спонзорирано: