14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи дека со парите од ограбената скопска банка ќе се купуваат гласови

Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е сè по очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат и дека активисти на власта веќе јавно пред камери се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК.

„Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат. Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150 илјади евра, а Спасовски молчи и сè уште ги нема пронајдено разбојниците“, се наведува во партиското соопштение.

Од опозициската партија нагласуваат дека постои основано сомнение во јавноста оти овие пари ќе бидат искористени за купување гласови.

„Поразот на Пендаровски, кој е повеќе од јасен, придонесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.