Centar.mk
БИЗНИС

Еден од најбогатите Кинези јавно се залага за 12-часовно работно време

Еден од најбогатите луѓе во Кина неодамна се залагаше за 12-часовно работно време пред бирото велејќи дека вработените кои работат повеќе часови ќе бидат „наградени за својот труд”, пишува Си-ен-ен.

Џек Ма, основач на платформата за интернет-трговија „Алибаба“, во последните неколку дена јавно го поддржа кинескиот закон за труд познат како „996″, односно работа од 9 до 21 час, шест дена во неделата, која неодамна стана честа појава кај големите кинески технолошки компании и нови компании.

„Ако правиме работи што ги сакаме, 996 не е проблем”, напиша Ма на својот блог објавен оваа недела. „Ако не ви се допаѓа (тоа што го работите), секоја минута е мачење.”

Но, коментарите на Ма наскоро наидоа на критики на кинеските социјални мрежи.

„Дали некогаш сте размислувале за постарите на кои им треба нега или за воспитувањето на децата?” напиша корисник на социјалната мрежа Веибо, на која беше објавен блогот.

„Ако сите компании ја преземат работната практика 996, никој веќе нема да има деца поради недостиг на слободно време”, додаде тој.

Кинеските државни медиуми, исто така, остро ги критикуваа компаниите кои вршат притисок врз вработените да ги поминуваат сите денови во компаниите.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК