Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Река: Битола е празен град и тоа е загрижувачки

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва ја продолжи својата кампања во Битола, Црнилиште и во Житоше.

Река потенцира дека првиот впечаток од Битола му е чувство на празнина, празен град и дека тоа е загрижувачки.

„Овој град на азбуката, на браќата Манаки, но без Албанци. Македонија нема институционален капацитет да ја води државата напред. Оваа држава нема да оди напред ако сè уште олигархијата стои над политиката. Многу ни е драго што конечно и Владата ја призна мојата точна прогноза дека тешко може да добиеме датум за почеток на преговорите – без реформи. Нè очекува голема работа. Како претседател, со мојата екпертиза, може да ѝ помогнам на оваа држава да не ги повтори истите грешки. На Македонија ѝ треба нова реформа за да не остане празна држава“, рече Река.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +