Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Гласот за Гордана е глас за нов Иванов, да не дозволиме враќање назад

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва им се обрати на граѓаните на Крива Паланка.

„Гласот за Силјановска-Давкова значи трет мандат за Иванов, гласот за Мицкоски на некои наредни избори ќе значи враќање на Никола Груевски. Името е друго, но политиките се исти. Да не дозволиме да се вратиме назад во црното минато, сите знаеме како беше за време на режимот“, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека Македонија со поканата за НАТО има меѓународна потврда за својата безбедност и граници.

„Сега е многу важно да продолжиме напред. Со добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе ни се отворат можности за поголем економски развој, напредок на земјоделството, здравството, образованието и инфраструктурата. Јас како иден претседател државата ќе ја носам напред кон целосна интеграција во ЕУ“, рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК