23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пајакот не мирувал: Колку казни напиша скопската полиција?

Во текот на изминатите денови (12, 13 и 14.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 64 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 71 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 52 возила бидејќи 50 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.

Во текот на изминатите денови издадени се 201 мандатен платен налог и 145 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.