Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за загадувањето: Најголем проблем е неспроведувањето на законите и префрлањето на одговорноста

Заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните, како и заштитата и унапредување на животната средина се национални интереси кои треба да се одбранат, рече кандидатката за претседателка Гордана Сиљановска Давкова на денешната трибина на тема „Деградација на животната средина-Закана по национална безбедност”, која беше во организација на О2 иницијативата.

Сиљановска Давкова истакна дека проблемите со аерозагадувањето во Република Македонија се посебно истакнати како една од актуелните опасности која е сè повеќе присутна во современото живеење.

„Најголем проблем во Македонија е неспроведувањето на законите, префрлање на одговорност и неодговорно однесување. Сериозен недостаток е што ниту една институција, ниту пак локална самоуправа има изградено капацитети и човечки персонал за превенција за заштита на животната средина и отстранување на штетните последици по здравјето на граѓаните. Согласно динамиката на развојот на безбедносните закани и ризици, ветувам дека АРМ ќе ги надгради капацитетите превентивно да се справи и со нагласениот проблем со загадувањето секогаш кога институциите ќе потфрлат“, рече Сиљановска Давкова.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +