Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мојсовски на големиот граѓански митинг: Стево ќе даде 100 отсто од себе, ја има поддршката, продолжуваме заедно напред

На големиот граѓански митинг во Скопје, пред присутните се обрати Наумче Мојсовски, ракометар и репрезентативец кој истакна дека поддршката за заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски е поддршка за победа на напредокот и развојот.

https://www.youtube.com/watch?v=g4KFeTh4R3oп

Цврсто верувам, порача Мојсовски, дека донесовме тешки но правилни одлуки за нашата земја. Компромисите кои ги направивме со цел членство во НАТО и ЕУ беа повеќе од потребни. Верувам дека насоката во која сега се движиме е правилна и треба да продолжиме напред, преку глас за Стево Пендаровски.

– Јас знам дека Стево ќе се вложи 100% за нас ако му ја дадеме поддршката. И тој ќе остави срце на терен за да ја води државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. И затоа јас му ја давам мојата целосна поддршка. Да му ја дадеме сите нашата поддршка, да продолжиме заедно напред!, повика Мојсовски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +