Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Скопје: Доаѓа убава иднина за нашиот народ

Нашата земја, нашиот народ конечно ќе стави печат на промената. Во историјата одат минусот, црнилата, конфликтите, изолациите и лагите на Груевски, Мицковски и Иванов. Доаѓа иднина со Пендаровски која ќе го засили нашиот напредок, ќе донесе нови пријателства за земјата, соработки, успеси, инвестиции, економија. Доаѓа убава иднина за нашиот народ, рече на денешниот митинг во Скопје премиерот Зоран Заев.

-Заврши времето на марионети, калкуланти, провокатори и криминалци. Ова се времиња на чесни водачи кои се водат од граѓанските интереси. Република Северна Македонија ќе добие претседател за кого иднината на нашата држава не е авантура туку должност, а тој не е залутан патник, туку водач.

– Поразот на Сиљановска на овие избори е најдоброто што може да и се случи. Овој пораз ќе ја спаси од канџите на Груевски и Мицковски, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните да се придружат на победничката опција „Заедно напред“.

– Ќе ги победиме на 21 април, ќе ги победиме и на 5 мај, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК