13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски од Скопје: Вашата правда е и моја правда, вашата неправда ќе биде и моја грижа

Градиме едно општество за сите и горди сме што тој концепт е препознаен како концепт за успех и прогрес. Градиме општество во кое сите сме еднакви пред законите, порача на денешниот митинг во Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

– Вашата правда е и моја правда, вашата неправда ќе биде и моја грижа, им порача Пендаровски на граѓаните.

– Се обврзувам како и досега да водам политики на заедништво, а не политики на поделби. Мојата искрена заложба е да се почитуваме, а не да се мразиме. Имам намера да помирувам, не да разгорувам конфликти. Како претседател сум подготвен да водам напред. Неуморно да работам на процесот за членство на НАТО, да бидам предводник на процесите што ќе доведат до членство во ЕУ.

– Противкандидатот Гордана Сиљановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, таа единствено сака да биде наследник на Ѓорги Иванов. Не ни треба уште еден кочничар кој јавно се заканува дека ќе ја повлече државата назад, рече Пендаровски.

Спонзорирано: