Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски му ја честита победата на Нетанјаху

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му ја честита победата на парламентарните избори во Израел на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Дозволете ми да ви ја честитам победата на последните избори во Израел. Искрено Ви посакувам успех и Ви испраќам најдобри желби за просперитет во извршувањето на важните должности за време на вашиот петти мандат како израелски премиер.
Довербата што ја имаат граѓаните во вас ја покажуваат високата оценка за вашите напори за одржувањето на просперитетот и благосостојбата на Израел. Израел е клучен партнер на Македонија во многу области, и јас верувам дека нашите две библиски земји под вашето континуирана лидерство ќе останат блиски сојузници кои се длабоко посветени на заедничкото работење за нашиот заеднички интерес. Вашиот успех како претседател на партијата Ликуд и како премиер на Израел е пример за економски развој. Се надевам дека и двете наши држави ќе продолжат да ги продлабочуваат врските и пријателството помеѓу нашите народи.
Господине Премиер, прифатете ги моите најдобри желби и афирмација на нашите интереси за продлабочување на заедничкото пријателство“, пишува во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Заев до Груевски: За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа

ДЕСК

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.