Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Сите анкети покажуваат: Пендаровски во сериозна предност уште во првиот круг

Релевантните анкети предвидуваат победа на Стево Пендаровски на претстојните избори, а предноста е доста сериозна уште во првиот круг.

Социјалдемократите велат дека поддршката за Стево расте, а најбитно од се е очигледната поддршка за Стево од сите етникуми во земјава.

Пендаровски како што велат социјалдмеократите се залага за сигурна иднина, зачленување во северно-атланскат алијанса и Европската Унија.

Стево Пендаровски води позитивна кампања, а тоа носи резултати и е препознаена од сите, тврдат социјалдемократите.

Во соопштението на владејачката СДСМ, се наведува дека Од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад.

Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори. Одиме напред, велат од СДСМ.