Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јапонија му го продолжи притворот на Карлос Госн до 22 април

Окружниот суд во Токио во петокот објави дека го продолжил притворот на Карлос Гон за осум дена, давајќи им на обвинителите рок до 22 април да поднесат официјални обвиненија против поранешниот директор на „Нисан мото“, или во спротивно тој ќе биде пуштен на слобода.

Госн беше уапсен по четврти пат минатата недела под сомневање дека се обидел да се збогати за 5 милиони долари на сметка на „Нисан“.

Тој чека судење за други обвиненија, вклучувајќи и финансиска злоупотреба. Госн, кој беше ослободен со кауција од 9 милиони американски долари на почетокот на март, откако помина 108 дена во затвор, ги отфрли обвиненијата.

Можеби ќе ве интересира

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +

Македонец нападнат со нож во Косово пред минувачи

C +