17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се унапредува едукацијата на полициските службеници: е-обука за претстојните избори

Едукацијата, професионалното и стручно усовршување на полициските службеници како императив сам по себе, мора и треба да биде континуиран процес во кој постојан стремеж, ќе биде и следењето на сите нови технолошко-образовни стандарди, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Центарот за обука во Идризово, каде заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, присуствуваа на промоција на апликација за паметни телефони ,,Улогата на полицијата за време на избори“.

Спасовски додаде дека сето ова е со една цел – позиционирање на полицијата како реален сервис на граѓаните и силен гарант во остварувањето на сите нивни права и слободи, дефинирани како темелни уставни и општествени вредности“, истакна министерот Оливер Спасовски

„ Во соработка со нашите партнери од мисијата на ОБСЕ во нашата земја, и од нивна страна ангажираната компанија се изработи апликација преку која во секое време може да се има точен увид во законската регулатива, а таа е достапна и на пошироката јавност преку лесно симнување од интернет страната на МВР“, рече министерот Спасовски.

Тој појасни дека на овој начин не само што дополнително се скратува времето за обука и се врши соодветно искористување на обучувачките и другите ресурси, туку се овозможува транспарентна е-обука на полициските службеници, на начин што и граѓаните ќе бидат запознаени со целосната нејзина содржина.

„Токму овој проект е дел од концептот на е- учење при Центарот за обука на министерството, што во соработка со мисијата на ОБСЕ успешно се реализира и унапредува веќе неколку години како незаобиколен дел од системот на образование и обука кај кандидатите за полициски службеници во Центарот“, рече Спасовски.

Спонзорирано: