Centar.mk
КУЛТУРА

„Музика и цртан филм“: концерт за децата во Кичево

„Пламенка Трајковска – гудачки квартет“ ќе одржи концерт со наслов „Музика и цртан филм“, в петок, во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

Во цртаните филмови многу често се употребува класичната музика и овој концерт е конципиран како проекција на цртани филмови и изведба на класична музика со гудачки квартет во живо. На концертот се користат современа музичка технологија, мултимедијални и анимациски елементи со цел децата да ја почувствуваат класичната музика како блиска и како своја.

Изминатите години Пламенка Трајковска со своите колешки интензивно работи на доближувањето на класичната музика до најмладата публика. Досега реализираа голем број концерти во училиштата во Скопје и во повеќе домови на културата низ Републиката. Минатата година реализираа концерти со наслов „Што е тоа гудачки квартет“ во камерната сала на Македонската филхармонија.

Во гудачкиот квартет, покрај Пламенка Трајковска, ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Илза Балата на виола и Маја Михајловска на виолончело.

Концертот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2019 година и од НУЦК „Кочо Рацин“ од Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК