Centar.mk
МАКЕДОНИЈАПрви вести

Се самоуби синот на екс-градоначалникот Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов А.З., 23-годишниот син на поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, објави „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Од СВР Штип сè уште не можат да ја потврдат информацијата, но најавија повеќе детали за подоцна.

Од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.

Телото е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +