3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поведена истрага за разбојништво во кичевска обложувачница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило разбојништво.

„Осомничениот на 8 април, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Тој влегол во спортска обложувачница во Кичево со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувачницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во разни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +