Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење на “Партизанска”

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Л.(26) од село Грчец, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На 07.04.2019 околу 23.40 часот на булевар „Партизански одреди“, при преглед на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле еден пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9мм, што ги поседувал без дозвола. Ф.Л. бил лишен од слобода.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +