Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Платите во културата ќе се порамнуваат по завршување на претседателските избори

Министерството за култура извршило анализа на потребните средства за нивелација, односно порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи. Имајќи ги предвид законските одредби, до завршувањето на претседателските избори, според Министерството, не постојат законски предуслови да се заврши постапката за нивелација на платите на вработените во установите од областа на културата.

„Работната група формирана во рамките на Министерството за култура во изминатиот период ги изврши пресметките за потребните финансиски средства за порамнувањето на платите.
Во согласност со Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршувањето на изборот за претседател на Република Северна Македонија, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетските средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“, соопштуваат од Министерството за култура.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.