Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека победата на претседателските избори е прв чекор, по кој ќе следи победа на парламентарните избори, а потоа следува третиот чекор, а тоа е нова влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
„Од тогаш треба крваво, деноноќно, макотрпно да работиме да државата си ја кренеме од овој пепел којшто ќе ја наследиме, а кој ни го донесоа Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоки од Македонски Брод.
Тој посочи дека СДСМ мисли на народот и на татковината само од избори до избори, додека ВМРО-ДПМНЕ мисли и заспива со последната мисла за Македонија и се буди со првата мисла за Македонија секој божји ден.
„Вие би да чекорите како што ви е овој украден слоган во претседателската кампања, со полни вреќи пари, а ние сакаме да одиме напред со достоинствена, искра и честитата држава Република Македонија. Вие би сакале да чекорите напред богати, а ние сакаме да чекориме напред со богати граѓани и богата држава. Вие имате проблем со самите себе господа од врхушката на СДСМ, а ние заедно со народот имаме проблем со вас. Тој проблем ќе го решиме заедно со народот на 21 Април, а потоа и на 5 Мај“, порача Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека на овие претседателски избори ВМРО-ДПМНЕ го предложи најдобриот и најквалитетниот кандидат, а на следните парламентрани избори ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со најобемната како никогаш досега квалитетна изборна програма која ќе се темели на три столба. Првиот столб ќе биде решение за поквалитетн живот на нашите сограѓани. Вториот столб ќе биде економија, земјоделито, образованието, здравството, владеење на правото, стоп и немилосрдна битка против организираниот криминал, мито и корупција. И трето ќе биде како да се вратиме македонизмот помеѓу граѓаните во Република Македонија.
Тој порача заеднички да си ја сакаме татковината бидејки тука сме се родиле, тука сме ги формирале нашите семејства и тука ќе продолжиме да живееме, тука ќе продлжиме да старееме и најверојатно тука и ќе ги завршиме нашите животи.