17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски пред граѓаните: СДСМ злоупотребува човечки судбини поради моќ и пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со граѓаните во општина Демир Капија, каде што истакна дека премиерот Зоран Заев и СДСМ користат ниски страсти злоупотребувајќи човечки судбини, само за да се дограбаат до моќ и пари.

„Се сеќавате кога нѐ убедуваше на оние војаерски прес-конференции дека не била трагична случка, туку смртта на новинарот Никола Младенов било убиство. Се сеќавате како тој имал материјали, а тие материјали ќе ги пуштал бидејќи тоа било нарачка, но години потоа улогите се сменети и тој Зоран Заев денеска е премиер. Сопругата на Никола Младенов јавно практично кажа дека тоа бил немил настан. Се сеќавате на Нешковски, јас сум сигурен дека тој не знае денеска како живее тоа семејство, не знае, ниту прашал како од први до први успеваат да скрпат, а не, пак, да ги посети. Но, на тоа градеше кариера и прес-конференции, поведе шарена револуција во државата, а каде е сега – го нема“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев не ги остварил ветените 500 евра плата и додаде дека два века затворска казна добиле патриоти, а борците што се вратиле од боиштата од Сирија добиле 6 години.

„Помалиот мој син Антонио има шест години, ќе има девет кога, најверојатно, некаде на улица ќе сретне некој повратник од боиштата од Сирија и Ирак. Овие деца овде, кои се со нас, најверојатно, шетајќи на улица, ќе се погледнат со тие луѓе по шест години, а луѓето што си ја сакаат државата, патриотите, добија 18 години“, кажа Мицкоски.