Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: Стојам зад концепт што нуди продолжување по вистинскиот пат

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска оствари средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани.

Од неговиот штаб информираат дека Пендаровски на средбите ги потенцирал придобивките од избирањето напредок наместо изолација и, како што рекол, градењето пријателства наместо продолжување на споровите со соседите.

„Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија“, заклучил тој.

Пред граѓаните истакнакл дека стои зад концепт што нуди продолжување по вистинскиот пат, кој носи подобар живот за сите.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК