Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Воз удрил во мигрант од Пакистан, кој се движел по пруга

Воз удрил во мигрант од Пакистан, кој се движел по пруга. Како што информира полицијата, вчера во 20 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице кое што е странски државјанин.

Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен Крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК