Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен е човекот кој му се закануваше на премиерот Зоран Заев

СВР Тетово го уапси Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство”, кој со видео-снимка објавена на социјалната мрежа фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, соопшти министерството за внатрешни работи.

Од МВР велат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина. По целосното расветлување на случајот, против него ќе биде поднесена тужба.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК