22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби-Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, имаше средба со Костас Дуцинас, професор по право и филозофија и директор на Институтот за хуманизам „Биркбек“ при лондонскиот универзитет.

Груби изрази задоволство од посетата на уважениот гостин, кој е истакнат просветен научник и издавач на повеќе научни труда од областа на правото, но и пратеник во грчкото собрание од редовите на СИРИЗА. Притоа информира за позитивните процеси во нашата земја по усвојувањето на уставните измени, со што се реализираа и одредбите од преспанскиот договор. За актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на претстојните претседателски избори во април и дека државата одлучно чекори кон членство во ЕУ и НАТО зад кое несомнено стојат сите политички партии.

Поради тоа, истакна Груби, за нас е особено важно соседна Грција да нè поддржи во пресрет на букурешкиот самит во јуни, на кој очекуваме датум за почеток на преговорите.

Дуцинас ја повтори грчката поддршка за нашите евроинтргративни процеси со укажување дека, покрај политичките критериуми државата, мора да испорача видливи резултати на полето на владеењеето на правото, како и во разузнавачкиот сектор, слободата на медиумите и реформата во јавната администрација.

Дуцинас порача дека реформите во оваа област мора да се реализираат што побргу и покрај тоа што има голем отпор од страна на носителите на функции во правосудниот сектор, со што се отежнува овој процес на реформи.