23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево Пендаровски во драматична предност пред Гордана Силјановска, покажуваат новите анкети

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, велат за ДВ партиски извори, објави Дојче Веле.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не биле достапни за DW на македонски да одговорат какви се резултатите од анкетите спроведени по нивно барање.

Извори од СДСМ велат дека не коментираат други анкети. По нивно барање досега се спровеле повеќе истражувања на јавното мислење преку различни агенции, а добиените споредбени резултати целосно се совпаѓале. Сите тие истражувања на јавното мислење биле спреведени теренски, според методот „лице в лице“ на примероци од најмалку 1.200 испитаници. Резултатите покажале дека Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10% пред Силјановска и дека во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Според тие истражувања, гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, во вториот круг гласачите на Река во најголем број би гласале за Пендаровски, а дел би апстинирале. Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг, јави Дојче Веле.