Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и ветровито со температура до 16 степени, на планините снег

Во поголемиот дел од земјата е облачно, само кон североистокот облачноста е намалена. Дува претежно северен ветер поизразен на повисоко, а кон југоисток е претежно тивко. Во Крушево има појава на зрнест снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со повеќе облачност во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен ветер претежно од североисточен правец кој на север и запад ќе засилува.Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, ветровито и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со мала до умерена облачност. До недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утре и во сабота утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

ДЕСК

Баритонот Ристе Велков загина во тешката сообраќајка на скопската обиколница

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС

ДЕСК