21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР поднесе 4 кривични пријави за палење трски

Министерството за внатрешни работи веќе има поднесено 4 кривични пријави за палењето на трските во Струга, рече министерот Оливер Спасовски на прашање на пратеничката Нола Исмајлоска Старова.

„МВР преземаше неколу пати мерки за вакви штетни последици, иако за тоа преземаат и други надлежни инспекторати во општината и државата“, рече Спасовски.

Тој додаде дека има пријави за два случаи, за палење на трската и крадење на тоа место, односно узурпација на заштитниот појас околу езерото.

„МВР има поднесено кривични пријави, има и пријава против инспектор зашто при претходен надзор не констатирал уништување и запалена трска“, Рече оливер спасовски.

Исмајловска Старова праша и за состојбата во студентските домови, но одговорот се очекува во писмена форма бидејќи на седницата за пратенички прашања не е присутен министерот ниту заменикот во Министерството за образование.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +