20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Богоев на инфо сесија со пензионерите за Карпош – моја картичка

Општина Карпош започна со серија на информативни сесии за проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Оваа картичка веќе е активна и граѓаните – жители на Карпош добиваат голем број на попусти и бенефиции во угостителски објекти (кафулиња, ресторани), аптеки, здравствени ординации, културни и спортски установи, авто – мото сервиси и сл.
Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев имаше средба со повозрасните сограѓани во Пензионерскиот клуб во Тафталиџе 1. Тој ги информираше пензионерите за начинот на кој можат да се стекнат со оваа картичка, како и за големиот број на придобивки од неа.

-Навистина ми е задоволство што започнавме со проектот кој претставуваше едно од клучните ветувања во мојата изборна програма. Со картичката, на директен начин ќе заштедите, ќе пазарите по пониски цени во голем број на локални продавници, ординации, бизниси. Јас сум најмлад градоначалник во нашата држава, во Општината со најголем број на возрасни сограѓани по глава на жител. Должност е да имаме проекти и да креираме политики со кои ќе покажаме дека сте ни важни, рече Богоев, кој на денешната инфо сесија беше заедно со советниците Билјана Костова и Зејнел Куч.

Пред присутните се разговараше и за проектот за хумани патроли, при што Општината ќе обезбеди здравствена нега и посети кај повеќе пензионери кои се изнемоштени или се под социјален ризик.
Во интерактивниот дел, пензионерите се интересираа и за други актуелни работи и проекти. Прашуваа за големиот парк долж Кејот на Вардар (од вештачката карпа до бунарите на р.Лепенец), за почетокот на неговата изведба, но и за други прашања поврзани со јавната хигиена и заштита на зеленило.

-Новиот парк со изведба ќе започне наскоро, чекаме финално да се склучи Договорот со Светска банка. Што се однесува до другите аспекти од екологијата, оваа година доделивме 162 субвенции за велосипеди, а следната недела ќе ја започнеме акцијата за засадување на нови 300 садници. Секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина, заврши Богоев.

Спонзорирано: