Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Социјалдемократите соопштија добра вест: Вратена е довербата во економијата, 78 отсто од германските инвеститори се подговени повторно да инвестираат, реформите даваат реални резултати

По 11 години изолација и уназадување на државата и целосно уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, економијата конечно е стабилизирана и се движи во добар правец, велат од СДСМ.

– Вратена е довербата во економијата, доказ за тоа е рекордниот број на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година, како и растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал. Отворени се 26 илјади нови работни места за само една година, а невработеноста опаѓа на историско најниско ниво, под 20 отсто, соопштија од СДСМ:

– Тоа е препознаено и од странските инвеститори. Дури 78% од германските инвеститори кои работат во земјата покажуваат подготвеност повторно да инвестираат.

Времето на уништување на економијата, на расипничко задолжување и осиромашување на граѓаните, заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ обезбедува продолжува со спроведување на економските мерки што овозможуваат економски раст, повисоки палти и обезбедуваат поволна клима за нови странски инвестиции и задржување на постојните, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав

ДЕСК

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

ДЕСК

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК