12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сашо Мијалков во домашен притвор

Сашо Мијалков ќе биде пренесен од затвор во домашен притвор, откако Апелацискиот суд денеска реши да му ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК.

-По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година, пишува во соопштението на Апелација.

Мијалков ветил дека нема да бега. Обвинителката Фатиме Фетаи сепак побарала Мијалков да остане во притвор..

Сашо Мијалков беше осуден на три години затвор за случајот Титаник 2, додека Мендух Тачи доби 3 години и два месеци. Бедредин Ибраими беше осуден на четири и пол години, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Спонзорирано: