Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Забрането возење на автомобили со постари дизел мотори

Забраната за автомобили со постари дизел-мотори во германскиот град Штутгарт, која следуваше по минатогодишната судска пресуда, ќе стапи во сила на 1 април и ќе се однесува на сопствениците на автомобили што живеат во тој град, изјавија денес градските власти.

Градот соопшти дека на возилата со мотори што не се во согласност со стандардите за емисија „Евро 4“ ќе им биде забрането да се движат или да се паркираат во градот, соопшти агенцијата.

Забраната засега нема да се однесува на возилата со мотори што го исполнуваат стандардот за емисија „Евро 5“, но конечната одлука ќе биде донесена кога ќе се тестираат емисиите на штетни гасови во средината на 2019 година.

Сојузниот управен суд во Германија минатата година донесе одлука дека градовите во таа земја би можеле да воведат забрана за возење дизел-автомобили во рамките на борбата против загадувањето на воздухот.

Можеби ќе ве интересира

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики

ДЕСК

Пензионерите повторно прашуваат: Дали покачувањето е доволно за животните трошоци?

ДЕСК

Матури, свадби и прослави: Колку навистина чини една семејна веселба оваа година?

ДЕСК