Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Се подготвува ли економски бум во Северна Македонија: Над 70 грчки компании заедно со Ципрас доаѓаат доаѓаат кај нас

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за време на посетата на Скопје, ќе го придружуваат претставници на над 70 компании, објави „АНА-МПА“.

Грчката новинска појасни дека делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија Enterprise Greece, а интерес за учество изразиле компании од енергетскиот сектор, градежништвото, индустриските производи и високата технологија, кои сметаат дека постои простор за инвестиции во Северна Македонија.

Ципрас денеска во Солун изјави дека грчките претприемачи би можеле да одиграат клучна улога во економскиот раст на нашата земја.

„Грчката економија има потенцијал да игра доминантна улога во економскиот раст на Северна Македонија, со важен и позитивен замав кој го креираше преспанскиот договор“, изјави Ципрас за време на состанокот со истакнати стопанственици од Грција, пренесе „АНА-МПА“.

Ципрас ги повика да ја воочат можноста што ја отворил преспанскиот договор. За време на посетата на Ципрас, ќе бидат потпишани билатерални договори во голем број области.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +