Centar.mk
БИЗНИС

ЕУ од 2021 година ќе ги забрани пластичните прибори за јадење, сламките и чепкалките за уши

Европскиот парламент одобри нов закон со кој се забрануваат пластични предмети за еднократна употреба, како што се чинии и прибор за јадење или сламки за пиење. 560 пратеници гласаа за договорот постигнат со министрите на ЕУ, 35 беа против,а 28 воздржани.

Како што е наведено во изјавата, следните производи од 2021 година ќе бидат забранети во ЕУ:

– садовите за еднократна употреба (вилушки, ножеви, лажици и стапови за јадење)
– пластични чинии за еднократна употреба
– пластични сламки
– спапчиња за чистење уши од пластика
– пластични стапчиња за држење на балони
– оксоразградлива пластика и контејнери за храна, како и чаши со експондиран полистирен

Според податоците на Европската комисија, повеќе од 80% од морскиот отпад е пластика. Производите опфатени со овој нов закон сочинуваат 70% од сите предмети во морскиот отпад. Поради своето базно разградување, пластиката се акумулира во морињата, океаните и на плажите на ЕУ и во целиот свет. Пластични остатоци се наоѓаат во морските животински видови – како што се морски желки, китови и птици, но исто така и во рибите и школките, а со тоа и во синџирот на исхрана на луѓето.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со важно појаснување до граѓаните кои добија покани да платат данок за заработка во странство – досега засегнати десетина илјади граѓани за приходи од 2020-та година

ДЕСК

Секој петти граѓанин во земјата е сиромашен

C +

УЈП: Обврската за пријавување и даночење доход од странство не е нова законска мерка, пропустите во минатото се прашање на претходни раководни структури

C +