Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Џафери – Маркуш: Поддршка од Словачка за членството во НАТО и ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари работна средба со амбасадорот на Словачката Република во земјава, Хенрик Маркуш, кој најпрвин му упати честитки на претседателот Џафери за успешното усвојување на измените на Уставот, како клучен фактор за понатамошниот процес на интегрирање на државата во НАТО-заедницата.

Тема на разговор беа и останатите активности на Собранието кои произлегуваат како обврски од преспанскиот договор. На ова се надоврза претседателот Џафери и потврди дека интензивно работи на исполнување на стратешките цели на земјава. Тој потенцираше дека за успешната работа придонес дале сите политички субјекти, а за особено важна ја потенцираше поддршката од меѓународните пријатели.

Амбасадорот Маркуш ја потенцираше силната поддршка од страна на Словачката Република во аспирацијата на земјава кон полноправно члество во алијансата и Европската Унија.

Оваа средба беше уште една од низата на протоколарните средби со амбасадорите од земјите членки на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК