Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расте паниката во белиот дворец, нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ по дебаклот на Мицкоски нема да ја попречат вистината, реагира СДСМ

Се поочигледна е нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од тоа што секојдневно им се разоткриваат измислиците и лажните вести, велат од СДСМ.

– Денешниот обид, да се попречи прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека кулминира нервозата во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не научија дсека ништо не може да ја попречи вистината да излезе на виделина.

СДСМ ги разбира нервозните реакции по дебаклот на ТВ дуелот и паниката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од извесниот изборен пораз.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, симболите на лажни вести остануваат закотвени во матрицата на Никола Груевски и затоа граѓаните ќе ги казнат за нивното деструктивно и антинародно однесување, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК