Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски да каже за фирмата на својот Баџанак, побараа од СДСМ

Дебаклот на ТВ дуелот ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со пресови, Мицкоски да каже за фирмата на неговиот баџанак, порача Костадин Костадинов.

-ВМРО ДПМНЕ никако не успеа да ги научи лекциите. Поразот, дебаклот што му се случи на Мицкоски на ТВ дуелот не се покрива ниту затскрива со прес конференција.

Мицкоски е чест гостин во Струмица, и јавноста знае дека е близок со својот баџанак, Јанев Јорданчо.

Токму баџанакот на Мицкоски има своја фирма во Република Бугарија, отворена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „Дано Транс ЕООД“.

Прашањето е кој е личниот интерес на Мицкоски од овие бизниси? Имајќи предвид дека оваа фирма е дел од најблиската фамилија на Хидро Мицкоски.

Република Бугарија е членка на Европската унија и интерес на секоја компанија е да излезе на пазарот од 500 милиони, впрочем затоа е важен процесот на интеграција во ЕУ.
Ја разбираме нервозата кај Мицкоски но јавноста очекува одговори од него., рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК