Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев: Економските резултати ги имаме на маса, растат платите, растат инвестициите, одиме напред

За да ги задржиме младите овде, да обезбедиме добар животен стандард, мора да престанеме да калкулираме со кариерите и да одработиме за граѓаните, за државата, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот тв дуел со Христијан Мицкоски.

Имаме рекорден износ на странски инвестции, двојно повеќе од најдобрата година што ја имала Северна Македонија. Стапката на невработеност е под 20 отсто и изнедува 19,4, растат платите. Бруто домашниот производ расте, од минус 1,8, сега е 3,7 отсто, а во првиот квартал од 2019 година очекуваме и повисок раст од 3,7 отсто. Тоа е доказ за исправните политики, лекции имате каде сакате. Претходно имаше цунами, грабеж во Македонија, за кој има и пресуди.

Мицкоски нека каже дали без ЕУ и НАТО очекува странски инвестции? Економските резултати ги имаме на маса, растат платите, растат и странските инвестции. Со членството во НАТО и ЕУ ќе се зголемат тие параметри, во интерес на граѓаните, порача Заев.

Во тренд…