Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги казните за 27-ми април, каде вкупната затворска казна за 16 лица изнесува 211 години.
„Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици добија само 6 години затвор. Неправдите, лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреа до секој еден граѓанин“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Понатаму опозицијата коментира дека наспроти ветувањата, нема подобар стандард, бизнис клима,повисоки плати и пензии, а во здравство се случуваат епидемии, умираат луѓе и се носат црни тендери.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека младите се иселуваат, а неправдите, криминалот и сиромаштијата станале секојдневие.