14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шумски пожари во Берово, Свети Николе и Тетово

Во текот на вчерашниот ден, шумски пожари биле забележани на подрачјето на Берово, Свети Николе и Тетово, соопшти МВР.

Пожарот во Берово настанал во атарот на селото Ратево кај место викано „Три Реки“, пришто била опожарена млада борова шума. На местото на настанот упатени биле екипи од Територијалната противпожарна единица Берово, Шумското стопанство и во моментов се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

На подрачје на Свети Николе односно во атарот на селото Каратманово, пожарот во текот на ноќта преку Ново Село на место викано „Кишински пат“ се проширил кон селото Каласлари, пришто била опожарена поголема површина сува трева и разновидна шума. На местото на настанот излезено е од екипа од Македонски шуми-Велес и од нивна страна во 17 часот пожарот бил ставен под контрола.

Вчера напладне било пријавено дека и во Тетово настанал шумски пожар на шест до седум помали локации покрај патот во правец од селото Ново село кон селото Мерово-општина Желино, при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева. МВР соопшти дека се преземаат мерки за гаснење на овој пожар.

Спонзорирано: